Доверба во науката и човечката генијалност – клуч за проблемите кои ја убиваат Планетата

Фото: Профимедиа

Нема сомнение дека околку климатските промени ќе се водат уште бројни и големи политички битки, пишува „New Scientist“.

Како што на денецијата ѝ се ближи крајот, многу од луѓето се уверени дека сме на сигурен пат до пеколот. Неуспехот во настојувањата да се преземат сериозни чекори за успорување и запирање на климатските промени, прецепцијата на заострувањето на јавните расправи, порастот на бројката на лажни вести кои со леснотија се шират и популистичките движења кои се спротиставуваат на експертите и фактите, и многу други фактори, се доживуваат како доказ дека човештвото се движи по надолна спирала, пишува „New Scientist“.

Во реалноста, според поголемиот дел на мерливите параметри, светот станува сѐ подобар, барем за луѓето.

Причини за оптимизам – наука, технологија и доверба во луѓето

Во добар дел тоа е поради науката и технологијата кои овозможуваат хуманистички и прогресивни решенија за проблемите како што се болестите, гладта, недостатокот на пристап до чиста вода за пиење, образование и планирањето на семејство. За поголемиот дел од луѓето, во повеќе места на светот, животот во 2020-тите објективно ќе им биде подобар отколку во 2010-тите години.

Во исто време, нашите знаења за вселената и нашето место во неа продолжија да се прошируваат. Во светот на научни истражувања, во декадата која сега завршува, видовме константен тек на возбудливи и трансформативни откритија, од првата директна слика на црна дупка до нови откритија за потеклото и претците на човештвото.

Научниците исто така развиваат нови сознанија за тоа како нашата планета делува како жива целина, како да се обновува дивината и како да им се помогне на другите врсти да опстанат во нивните, сѐ помали животни средини. Во многу земји се разбуди и свеста за влијанието на употребата на материјали како што е пластиката, а постојат многу причини да се верува дека тој тренд ќе продолжи. Дури и кога се во прашање климатските промени, кои несомнено се најважното прашање во следното десетлетие, постојат причини за внимателен оптимизам. Има валидни причини поради кои магазинот „Тајм“ неодамна ја прогласи климатската активистка Грета Тунберг за личност на годината.

Нема сомнение дека околку климатските промени ќе се водат уште бројни и големи политички битки. Но, благодарение на Тунберг и сличните на неа, јавното прифаќање на темелите на науката за климатските промени и свеста за опасноста која ја претставуваат во последно време силно се прошири во светот, дури и во деловите кои претходно пружаа силен отпор, како САД. Изгледа дека во светот се буди свеста за нужност на порадикално делување на овој и други предизвици за животната средина, констатираат од „New Scientist“.

Постојат многу причини да се надеваме дека тоа може да биде знак за уште пошироко прифаќање на научниот консензус и во однос на други контроверзни прашања, на пример за вакцините. Научниците очигледно тука имаат голема и важна улога, но постојат многу важни позитивни показатели кога станува збор за довербата во јавноста. Што и да сте прочитале за отфрлањето на мислењата на експертите во модерно време, анкета по анкета покажуваат дека јавноста има големи нивоа на доверба во науката и нејзината способност да ги решава проблемите.

Промените, и добрите и лошите, многу брзо се случуваат

Важно е да се истакне дека едно од големите достигнувања остварени во 2010-тите години беа новите увиди кои ги стекнавме во човековото однесување. Тие ни кажуваат дека когнитивните пристрасности се силно всадени во нашата психологија и нѐ тераат да се фокусираме на лошите вести, а не на добрите, и на локалните, а не на глобалните проблеми. Но, тие исто така ни говорат дека промените, како позитивните така и негативните, може да се случат многу брзо и изненадно, навидум неочекувано.

Секако, пред нас се големи предизвици. Постојаниот развој на роботиката и вештачката интелигенција ќе предизвикаат одредени економски несигурности и репозиционирања со кои ќе треба да се соочиме. Технологиите како замена на гените и понатаму ќе отвора многу важни морални прашања. Напредокот на Кина на светската сцена – која на крајот на оваа декада истовремено стана најголем светски загадувач и најголем произведувач на зелени технологии – ќе продолжи да биде предизвик за западните норми, во науката и во геополитиката. Обновената „трка за вселената“ на човештвото може да му донесе светла иднина или пак да создаде ризик дека нашите најолши навики ќе ги пренесеме во други светови.

2020-тите години ќе бидат одлучувачки

И да, климатските промени, загадувањето и колапсот на биолошкиот диверзитет…Ако не ги решиме овие огромни проблеми во следното десетлетие, веројатно никогаш нема, што ќе создаде сериозни последици за животот на нашата планета. Навистина, изгледа дека 2020-тите години ќе бидат одлучувачки за иднината на човештвото и природниот свет.

Единствена работа која сите заедно можеме да ја направиме во следната декада е да го отфрлиме фаталистичкиот песимизам и наместо тоа да го прегрнеме оптимизмот втемелен на факти и вербата во човечката генијалност. Нашите постапки – тоа што го правиме и за што се бориме – секогаш се многу важни и продолжуваат да бидат, завршуваат од „New Scientist“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот