Дострелите на нашата висока мода (ГАЛЕРИЈА)

За да ја постигне убавината на високата мода една земја со ограничени ресурси треба да ги надмине сопствените граници со: необична идеја, длабока посветеност и младешки ентузијазам.

Зошто необична идеја? Во светот на модата идеите за едиторијалите се одвиваат и менуваат со брзина која тешко може да се следи. Затоа и идејата не мора да биде комплетно оригинална но, затоа може да биде необична. Така е и во овој случај каде што прекрасните модни парчиња се поставени во една чудна урбано-прозна рамка. Урбани се елементите на кои е поставен моделот, но видикот отвора простор кон одвивање на еден живот полн со приказни – таму некаде во позадината. Фотографиите ја отсликуваат осаменоста на моделот и како негов контапукт брзиот градски живот.

[foogallery id=”73535″]

 

Зошто длабока посветеност? Од секое модно парче на оваа фотографска сесија извира длабоката посветеност на македонскиот креатор Занов. Не е тука во прашање само неговата прекрасна визија. Тука се наоѓа и неговата длабока посветеност за секој рачно изведен детал на модните парчиња: трпеливо, истрајно обикување на оригиналната идеја која пак, македонската актерка и танчерка Наталија Теодосиева ни ја претставува, не само низ тивката состојба на мермерната статуа на вајарот, туку низ движењата на танцот и детската игра. И одново се навлегува во апсурдноста на спојувањето на гламурозните модни парчиња со играта на моделот со кои како да се сака да ни се покаже дека и високата мода е достапна и податна за игра, и тоа не само на „црвениот тепих“.

Зошто младешки ентузијазам? Затоа што оваа модна сесија е изведена без големите ресурси што ги нудат скапо платените едиторијали. Модните парчиња на македонскиот реномиран креатор Занов се влопија во идеите на фотографот Ерина Богоева и актерката Наталија Теодосиева. Младешкиот ентузијазам извира и од заедничкото пријателство на овие две млади жени, кои во оваа прекрасна игра се споени преку леќите на фотографскиот апарат и емоциите кои произлегуваат од создавањето уметност. Целиот проект немаше да биде возможен и без соработката со Градскиот Трговски Центар за користење на нивниот покрив, како и без соработката со нашата фабрика за чорапи и хулахопки ЛаДама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот