Доста ни беше од вето: Шолц бара да се сменат правилата на гласање во ЕУ

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/Michele Tantussi / POOL

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе ги вложи сите напори за Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за ЕУ. Според него, ЕУ треба да се отвори и за други земји, а тој се залага и за реформи во Унијата, пред сè кога станува збор за правилата на гласање.

Шолц упати барање ЕУ да премине на донесување надворешнополитички одлуки со квалификувано мнозинство, што подразбира укинување на правото на вето на поединечни земји, но, мала е веројатноста да ја добие поддршката од Франција и од уште неколку земји, јави порталот Политико.

Зборувајќи пред пратениците во Бундестагот, пред Самитот на Европскиот совет, што треба да се одржи денеска и утре, Шолц истакна дека одлучно ќе се залага на Украина и на Молдавија да им се додели статус кандидат за членство во ЕУ. Тој посочи оти ваквата заложба носи одредени обврски.

– Ќе ги вложам сите напори во Европскиот совет за да обезбедам цела ЕУ едногласно да ги прифати кандидатурите на Украина и Молдавија за членство, најави германскиот канцелар.

Како што тој додаде, „ЕУ исто така мора да биде способна да прими нови членови”.

Тој повтори дека се залага за реформи во ЕУ, првенствено за промена на правилата на гласање, со што би се спречило поединечни земји да блокираат мнозински одлуки, особено нагласувајќи ја надворешната политика како област каде потребна е таква промена.

Неколку земји од ЕУ, вклучувајќи ја Франција, веќе изнесоа забелешки за укинување на правото на вето во клучни области, како што е надворешната политика.

Шолц повика да се усвои Маршалов план за обновување на Украина по војната. Тој најави дека Германија ќе инсистира на создавање „меѓународни експертски конференции на високо ниво” за координација во напорите за обнова на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот