Доста е веќе дискриминација, доста е од силеџии: Протест против контролорите од ЈСП

„Јас сум главен тука, како сакам ќе направам“, „Имаш ли јадено ќотек некогаш ти?“ , „Знаеш ли кои сме ние“, беа само дел од навредите пред студентот Сирхан насилно да биде исфрлен од автобусот.

Денот 9.2.2020 веројатно на повеќето луѓе не им претставува ништо, но на студентот Сирхан Усеин веројатно ќе му остане долго во сеќавање, за жал, по непријатната случка со којашто се соочи. Поради технички проблем на автобуската линија 53, сите патници биле принудени на напуштање на автобусот и преминување во друг автобус со истиот број.

При влегувањето во автобусот тој најпрвин бил турнат и навреден од страна на друг патник, а хоророт допрва започнал кога контролорите на автобусите директно се упатиле кон него и му побарале билетот, а откако утврдиле дека има годишен билет како студент започнале со физичко насилство и вербални навреди.

„Јас сум главен тука, како сакам ќе направам“, „Имаш ли јадено ќотек некогаш ти?“ , „Знаеш ли кои сме ние“, беа само дел од навредите пред студентот Сирхан насилно да биде исфрлен од автобусот.

-Позитивниот, успешниот млад студент Ром каков што сите го познаваме, се почувствува ПОНИЖЕН, ДИСКРИМИНИРАН, ОМАЛОВАЖЕН и НАВРЕДЕН. Уште колку студенти, студентки, млади, стари, возрасни и останати се почувствуваа загрозени, понижени и омаловажени поради насилното однесување на контролорите на ЈСП? Доста е веќе дискриминација, доста е од силеџии, доста е од сексуални навреди и напади, доста живееме ограничено. Институциите секогаш се оградуваат од дискриминацијата и дека тоа кај нив не постои, а сведоштвата на граѓаните сепак не велат така и тие секојдневно живеат во страв- пишува во објавата на Фејсбук.

Денес СИРХАН е жртва, утре ќе бидеш ти, ако не се бориме денес. Ајде да му покажеме на ЈСП дека за омразата и стравот нема повеќе место во оваа држава, пишува на објавата на Фејсбук.

Publiée par Sirhan Usein sur Mercredi 12 février 2020

Преку овој протест се бара отпуштање на двајцата контролори кои го нападнаа на Сирхан Усеин, зголемена внатрешна контрола кој ќе го регулира и вработувања на Роми контролори.

ЈСП во врска со овој немил настан преку соопштение ја информираше јавноста за случај во кој контролори на ЈСП насилно и недолично се однесувале со студент од ромска национална припадност, во кое ги демантираше обвиненијата.

Оттаму соопштија дека за ЈСП Скопје сите корисници на јавниот превоз имаат еднаков статус. Единствено, разликувле патници со уредно валидиран билет и патници без билет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот