Доследни на традицијата: По 17-ти пат украсена подводна новогодишна елка на дното на Охридското езеро

Нуркачите од центарот „Амфора“ ја испочитуваа традицијата.

Нуркачите на Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ годинава по 17-ти пат ја поставија и украсија подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро кај Заливот на коските – Градиште. На еден редок и уникатен начин тие своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка, соопштија од центарот „Амфора“.

– Со желби за добро здравје, навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести по трет пат годинива им ја посветуваме оваа елка токму нив, бидејќи во нивниот живот полн со предизвици им е најпотребна нашата поддршка. Настанот на китење на подводната елка како една своевидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на вода – изјави Јован Секулоски, претседател на „Амфора“.

Лолеска Гордана, граѓански активист и член на здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“ им порача на институциите да имаат повеќе слух за пациентите со ретки болести и Владата да го усвои нацрт-документот за Национална страегија за ретки болести со која ке се унапредат политиките за грижа на овој тип на пациенти, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот