Досетливи музичари со обработка на познатата песна на Стоунси ги потсетуваат луѓето како да се заштитат од коронавирусот (ВИДЕО)

ФОТО: Facebook

Рефренот кој овој музички состав го изведува на улица е: „I can’t get no disinfection” (Не можам да добијам дезинфекција)

На социјалните мрежи се појави видео снимка од Берлин со наслов „Како да се борите со коронавирусот со слух“, на кој музичари изведуваат обработка на познатата песна на Ролинг Стоунс – „I can’t get no satisfaction”.

На многу забавен начин нив ова видео се испраќа порака идентична на онаа која ја праќаат министерствата за здравство низ светот, во која се советува кон што да се придржуваат за да се смали ризикот од коронавирусот, но и неговото пренесување.

Рефренот кој овој музички состав го изведува на улица е: „I can’t get no disinfection” (Не можам да добијам дезинфекција)

Потоа, во неколку чекори препорачуваат како да се намали ризикот од зараза:

Прв чекор – миење на раце неколку пати на ден

Втор чекор – доколку кивате, внимавајте да не „прскате“, секогаш користете „лакт“ ако немате хартиено марамче – за да не го пренесете вирусот.

Трет чекор – затворајте ја кантата за ѓубре за да не побегне вирусот

Четврти чекор – со никого не се ракувајте

Петти чекор  – обратете се веднаш на лекар

Шести чекор – доколку се чувствувате како „жив мртовец“ направете услуга на сите и останете во кревет – за да не пренесете коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот