Досега во Кина починаа 56 лица од коронавирусот

Фото: Профимедиа

Со најновите бројки од Хубеј, епицентарот на инфекцијата, потврдени инфекции на национално ниво се 1610 врз основа на податоците претходно објавени од централната власт.

Бројот на смртни случаи од епидемијата на коронавирус во Кина се искачи на 56, откако властите во силно погодената провинција Хубеј известија за 15 нови смртни случаи и 323 нови потврдени заразени лица.

Со најновите бројки од Хубеј, епицентарот на инфекцијата, потврдени инфекции на национално ниво се 1610 врз основа на податоците претходно објавени од централната власт.

Според американските медиуми, кои се повикуваат на научна анализа, секој заразен со новиот вирус ја пренесува болеста во просек на две или три лица. Ова е така според тековната брзина на ширење, за што експертите велат дека е директно под влијание на тековните мерки за контрола и превенција на болести. Тие мерки би требало да го спречат ширењето на заразата во најмалку 60 проценти од случаите, тврдат научниците.

Од денеска, северниот кинески град Тијанџин го запира меѓуградскиот автобусски за да го спречи ширењето на новиот коронавирус.

Властите во Хонг Конг објавија дека заради запирање на ширењето на епидемијата од денеска се затвораат популарните забавни паркови на Дизниленд и Оушн Парк. Хотелите, пак, ќе останат отворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот