Досега се пријавени 12 кандидати за претседателските избори во Бугарија

Бугарско знаме / фото Архива

Дванаесет претседателски кандидатски двојки беа регистрирани во Централната изборна комисија на Бугарија како независни кандидати последниот ден определен со закон. Конечниот број на сите учесници на претседателските избори ќе стане јасен до 12 октомври, јави БНТ.

Според дописникот на МИА од Софија, трите парови за претседателски кандидати, кои беа номинирани од Иницијативните одбори, но добија поддршка од главните политички партии, веќе се регистрирани во ЦИК. Румен Радев и Илијана Јотова се кандидираат за претседателските избори на 14 ноември, правејќи преглед на она што е направено во нивниот прв мандат и чекајќи да се случат промените.

По нив е претседателската двојка  Анастас Герџиков и полковник Невјана Митева, кои се со барање да работат за обединување на нацијата. Тие очекуваат поддршка од сите партии, пред се од десничарските и десноцентристичките партии во Бугарија. Третиот пар, предводен од бугарскиот претседател на Врховниот касационен суд Лозан Панов и новинарката Марија Касимова, влегуваат на претседателските избори со убедување дека враќањето на институциите е клучно и тие ќе се борат за независност на судството.

Последниот ден се пријави и познатата бугарска фолк пејачка Луна Јорданова. Покрај нив, лидерот на Националниот фронт за спас на Бугарија Валери Симеонов, Волен Сидеров од националистичкиот „Атака”, водачот на сметаната проруска и популистичка партија „Преродба” Костадин Костадинов, од бугарската социјалдемократија Александар Томов, претседателката на Здружението „Азбукари”, Цвета Кирилова и Николај Малинов, водач на русофилите во Бугарија, кој е обвинет за шпионирање за Русија. Се уште нес е објавени кандидатите за претседател на Движењето за права и слободи како и на ВМРО

 

Извор: МИА

Видео на денот