Досега од коронавирусот се починати 722 лица

Од новиот коронавирус, според последните податоци, заразени се 32.000 лица.

Од новиот коронавирус во Кина веќе има 722 починати, а заразените веќе ја надминаа бројката од 32.000 лица, го пренесоа британските медиуми соопштението на кинеските здравствени служби, кои секојдневно лиферуваат официјални информации за развојот на епидемијата во земјата.

Во последното деноноќие кинеските власти регистрирале 81 нов смртен случај, по што експертите веќе заразата ја третираат како поопасна од претходниот тип на коронавирусот, таканаречениот „САРС”, што во 2003 година ја предизвика смртта на 774 лица.

Од новиот коронавирус, според последните податоци, заразени се 32.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот