Досега ниту една партија не поднела приговор за гласањето и резултатите од локалните избори

Александар Даштевски, претседател на ДИК / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Течат роковите во кои партиите можат да поднесат приговори до Државната изборна комисија за гласањето или за изборните резултати. Досега се уште ниту една политичка партија во ДИК не ја обжалила постапка за гласање или пак изборниот резултат.

Вечерва во 19 часот завршува 48-часовниот тајминг за приговори по изборната постапка, за првиот круг гласање, а в среда вечер за резултатите.

Искуствата во ДИК се дека партиите знаат да тактизираат до последен момент, пред да обжалат. Ако нема никакви приговори, се објавуваат конечните резултати. Останува потоа општинските комисии да им издадат Уверение на избраните градоначалници.

Во принцип кога поднесителот на жалбата е незадоволен од одлуката на Државната Изборна Комисија , има право да поднесе тужба до Управниот Суд, кој мора да се изјасни пред истекот на 48-те часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот