ДОСЕГА НЕВИДЕНО ВИДЕО ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО ЏЕНОВА: Камиони и автомобили летаат право во смрт! (ВИДЕО)

Фото:Принтскрин

Денес е објавено досега невидено видео од мостот Моранди во Џенова, кој се сруши во август минатата година.

Станува збор за снимка од безбедносните камери на компанијата Ферометал, која е објавена откако обвинителството ја зеде во предвид меѓу документите од вториот круг на истрагата.

Во несреќата при рушењето на мостот загинаа 43 луѓе, меѓу кои имаше и деца.

Мостот се сруши при невреме, а некои 30 до 35 коли и три камиони паднаа од висина од 45 метри. Беше главен сообраќаен правец во градот поврзувајќи ги патиштата кои одат кон Франција и Милано. И натаму се истражува зошто се срушил и кој е виновен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот