ДОСЕГА НЕВИДЕНО ВИДЕО ОД МИЛОШЕВИЌ ВО ЗАТВОРОТ ПРЕД ПАТОТ ЗА ХАГ! Седи мирно се смее, стражарот му пали цигара – Слободен печат
ВестиРегион

ДОСЕГА НЕВИДЕНО ВИДЕО ОД МИЛОШЕВИЌ ВО ЗАТВОРОТ ПРЕД ПАТОТ ЗА ХАГ! Седи мирно се смее, стражарот му пали цигара

На видеото се гледа како Милошевиќ влегува во една просторија, се претпоставува во американската воена база во кампот „Игл“ во Босна и Херцеговина, заедно со едно лице во воена униформа.

Новинарот Стефан Цветковиќ пред неколку часа на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија, Слободан Милошевиќ, наводно пред самиот трансфер од Тузла (БИХ) во Хаг во 2001. година.

На видеото се гледа како Милошевиќ влегува во една просторија, се претпоставува во американската воена база во кампот „Игл“ во Босна и Херцеговина, заедно со едно лице во воена униформа. По влегувањето Милошевиќ е во друштво на полицаец со кој мирно разговара. Во еден момент Милошевиќ зема цигара, а стражарот му ја пали.

Според податоците достапни за српската јавност, околу 19 часот на 28 јуни во 2001 година започнало приведувањето на Милошевиќ во Хаг. Тој стигнал во белградската населба Бањица, пратен е само со еден мерцедес, каде го сочекале три хеликоптери и обвинителот на меѓународниот трибунал, Кевин Куртис.

Откако му се прочитани правата, Милошевиќ се упатил во хеликоптер, а потоа застанал и ја изговорил познатата реченица: „Знаете ли денес дека е Видовден, Срби?“

Патот од Бањица го водел во Босна, односно Тузла во кампот „Игл“, а од таму е одведен во Хаг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close