ДОСЕГА НЕВИДЕНО: Струмичанка сакала да го отруе сопругот со отров во кафето

Основното јавно обвинителство Струмица спроведува истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, соопштува ОЈО.

Осомничената 39-годишна жена, на 07 јуни, во семејниот дом во село Иловица, се обидела на подмолен начин да го лиши од живот нејзиниот сопруг. Кога сопругот побарал да му свари кафе, таа во филџанот ставила течно средство хербицид „Моносан Херби“, го помешала со кафето и му го дала да го испие. Оштетениот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот суд Струмица му предложи да определи мерка притвор за осомничената. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението на ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот