ДОСЕГА НЕВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА ОД ТИТО: За тоа е виновен Сталин кој ден претходно пратил свој убиец во Белград

јосип броз тито
Фото: Profimedia

Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито присуствувал на редовниот состанок на КПЈ во 1949-та година со необичен изглед кој е производ на еден од неуспешните атентати кон него кои се обиделе да ги направат луѓето на Сталин.

Еден ден пред да се појави на состанокот со превез на окото, некој човек кој го испратил Сталин пукал во Тито со пиштол од непосредна близина. Тито успеал да ги избегне куршумите, но еден од нив се одбил од ѕидот и завршил во неговото око.

Да ве потсетиме дека Сталин дури 22 пати се обидел да го убие Тито, но тоа што му го порачал Тито на крајот го замолчил засекогаш.

Најпознат случај за убиство на Тито бил обидот за труење од страна на руските доктори кои биле испратени во СФРЈ, атентаторите набрзо биле вратени кај Сталин, но во мртовечки сандаци.

Обидот за овој атентат го пронашол историчарот Љубодраг Димиќ во составот на „Зборникот на документи на југословенските односи 1945-1956 г.“ кој во себе содржи околу 200 досега необјавени документи од руската архива.

Сомнежот за тоа прв го изнел некој од луѓето на Тито.

Милан Жежељ во својата книга „Стравовите на Броз“, тврди дека односите на Тито и Сталин не биле толку многу добри.

Југословенскиот маршал се разболел од напад на слепото црево па потоа било дијагностицирано дека мора да се оперира. Иако тогаш цела една соба во резиденцијата на Тито била преуредена, со сите доктори и медицински лица, одненадеш се појавиле руски специјалисти со порака дека лично ги испратил Сталин за да му помогнат на Тито.

Тито потоа ги примил, а наводната причината била за да не се налути Сталин и да не се „заострат“ повторно односите со Кремљ. Во останатиот дел од книгата забележано е дека и операцијата ја направиле Русите, но дека на Тито после тоа не му било добро, односно дека раната му се инфицирала, па се претпоставува дека медицинските инструменти со кои го правеле операција биле „затруени“.

Дека се работи за атентат заклучиле соработниците на Тито кои забележале дека руските хирурзи се однесуваат многу невообичаено.

По неуспешниот атентат Тито му ја пренел следната порака на Сталин:

„Друже Сталин, престани да ги праќаш своите агенти во Југославија со налог да ме убијат. Фативме веќе седуммина Твои луѓе кои се обидуваа да го направат тоа. Доколку не го запреш тоа тогаш јас ќе бидам принуден да испратам човек во Москва, а доколку го направам тоа тогаш нема да имам потреба да праќам следен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот