9 C
Скопје

Досега евидентирани 18 236 лица преку апликацијата за самопопишување

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани 18 236 лица, објави Државниот завод за статистика на својата веб страница.

Податоците се однесуваат за состојбата на 3 март 2021 во 10.00 часот.

Со пријавувањето на Апликацијата, корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација, и телефонски број на корисникот. При регистрација на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот, во апликацијата автоматски се запишува од која ИП адреса се внесени податоците.

Предвидено е собраните податоци преку Апликацијата за самопопишување да се споредат со податоците од претпописната база на податоци. Бројот на самопопишани лица преку Апликацијата за самопопишување, како што велат од ДЗС, не значи по автоматизам број на резидентно население на Република Северна Македонија.

Прочитајте и...  Пукање пред болница во Париз: Едно лице почина, едно е повредено, а сторителот е во бегство

До апликацијата за попишување наменета за дијаспората, може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис.

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa во понеделникот со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, кој ќе започне на 1 април.

Поврзани вести

Бајден: Мирните протести се разбирливи, но нема оправдување за насилството

Слободен печат

Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Перу

Слободен печат

ВИДЕО: Убиен ученик, ранет полицаец при пукање во средното училиште Остин-Исток Магнет во Ноксвил

Слободен печат

Ќе се согорува ли отпад на нивите зад Железарница?

Југослава Дуковска

Македонски и математика – по пет часа неделно

Михаило Донев

Би-Би-Си добил 100.000 жалби за известувањето за смртта на принцот Филип

Слободен печат

Остави Коментар