Досега 54 лица добиле кривични пријави за прекршување на полициски час во Делчево

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Димитровски додава дека за разлика од прекршителите на полицискиот час, лицата кои биле во самоизолација досега ја почитувале мерката.

Поради прекршување на полицискиот час, од почетокот на пандемијата со коронавирус, досега во Делчевско се поднесени кривични пријави за 54 лица. Според информациите на командирот на Полициската станица од општа надлежност Делчево, Стојан Димитровски, над 50 од кривичните пријави се однесуваат за прекршување на забраната за движење за време на полициски час.

– Имаме регистрирано вкупно 58 кривични дела во овој период, од кои за 54 лица веќе има пријави, додека за четири лица допрва ќе бидат поднесени кривични пријави. Најголем дел од нив не ја почитувале забраната за движење поради што се изготвени казните – вели Димитровски.

Димитровски додава дека за разлика од прекршителите на полицискиот час, лицата кои биле во самоизолација досега ја почитувале мерката.

– Денеска на две лица им истекува важноста на мерката, со што во моментот имаме уште шест лица во самоизолација. На тие лица кои имаа решенија, денеска им изминува рокот за задолжителна самоизолација – рече Димитровски.

Во однос на прекршителите на мерките за заштита, над 50 лица од сторителите биле на возраст од 18 до 67 години, додека само 4 лица на возраст над 67 години од делчевскиот регион ја прекршиле мерката за забрана за движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот