Досега 13 илјади лица од дијаспората пријавени за гласање на изборите во Косово

Неполни три дена пред истекот на законскиот рок, Централаната изборна комисија на Косово (ЦИК) примила околу 13 илјади барања од дијаспората за регистрирање како гласачи на вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на ЦИК Ваљмир Елези за весникот „Зери” изјави дека рокот за пријавување на гласачите од дијаспората започнал на 30 август и трае до наредниот вторник, 10 септември на полноќ. – Од 30 август кога започна овој процес до денеска (недела, 8 септември) на пладне примени се 13 илјади апликации за регистрирање како гласачи надвор од Косово – изјави Елези.

За разлика од изборите од 2017 година, кога рокот за пријавување беше осум дена, на овие избори тој е продолжен на 12 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот