Дос Сантос за титула на Мексико (ВИДЕО)

twitter.com/BleacherReport

Мексико се закити со титулата, а Американците не успеаја за еден ден да имаат двојна радост, после светскиот трофеј на женската американска селекција.

Дуелот се одигра на „Солџер филд” во Чикаго, но Мексиканците имаа солидна поддршка од трибините.

Мексико успеа да слави над тимот на Грег Берхалтер со прекрасниот гол на Џонатан Дос Сантос во 73. минута.

Еден одличен гол на Дос Сантос после асистенцијата на Раул Хименез. Трофејот е прв под водство на Герардо Мартино.

Со овој триумф го потврдија статусот на најквалитетната фудбалска селекција во Северна Америка.

Американските новинари веќе „советуваат“ дека Мексиканците треба да се обидат да се натпреваруваат на „Копа Америка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот