Дортмунд ги одби милионите од Јунајтед за Санчо

Германскиот тим ја одби последната понуда на Манчестер јунајтед тешка 91 милион фунти.

Англиските медиуми утринава објавија дека „црвените ѓаволи“ на Борусија Дортмунд и понудија 91 милион фунти како обесштетување за Џејдон Санчо. Но, германскиот тим не ја разгледуваше долго оваа понуда, речиси веднаш ја одби.

Последен обид на Манчестер јунајтед да дојде до потписот со Џејдон Санчо

Наводно, понудата на Манчестер јунајтед претставувала трансфер вреден 73 милиони фунти плус 18 милиони во лесно остварливи бонуси. Сепак, понудата е помала од 108 милиони колку што Борусија Дортмунд го вреднува својот фудбалер.

Поради тоа Борусија Дортмунд експресно ја одбила понудата што значи дека англискиот репрезентативец и оваа сезона ќе настапува во Бундеслигата и Лигата на шампионите како играч на германскиот тим.

Прочитајте и...  Како поранешниот претседател Барак Обама со еден телефонски повик ја спаси сезоната во НБА лигата

Поврзани вести

Ѓоковиќ е ментално посилен од Надал и Федерер

Слободен печат

Лајпциг го загуби дербито во Менхенгладбах и ја загуби лидерската позиција (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонија пред пласман во футсал квалификациите за ЕП, Англија ги откажа бараж натпреварите

Слободен печат

Брозовиќ и Перишиќ го спасија Интер од срам на „Џузепе Меаца“(ВИДЕО)

Слободен печат

Жота го спаси Ливепул

Слободен печат

Академија ФМП го изненади Куманово на стартот од првенството

Слободен печат

Остави Коментар