Дориев: Можеме да бидеме втори, клучно ќе биде со Вардар

Фото: ФК Академија Пандев

Тоа го нагласи и еден од важните играчи на „пандевци“, Дориев кој верува дека може неговиот клуб да дојде до втората позиција, односно бидат пред скопските „црвено-црни“.

Освен тоа, струмичката екипа ќе игра и финале во Купот каде што силите ќе ги одмерат против Македонија ЃП.

– Па добро, како и што знаете се подготвуваме истовремено и за финалниот куп меч на 22 мај. Секако дека нема да ги оставиме и тие два лигашки натпревари против Шкендија и Вардар. Имаме добри шанси да се најдеме на второто место на табелата, затоа што Вардар ни доаѓа во последното коло и мислам дека ќе се одлучува оваа средба – ни изјави фудбалерот на Академија Пандев, Љупче Дориев.

Моментно во генералниот пласман Шкендија е на врвот со недостижни 76 бодови, Вардар е втор со 60, Академија Пандев на третата позиција (57), а далеку зад нив е Шкупи (44).

Во следното претпоследно коло на 19. мај играчите на тренерот Југослав Тренчовски ќе гостуваат во Тетово кај старо-новиот шампион, а во истиот термин од 16:30 часот една недела подоцна ќе го пречекаат Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот