ДОРИЕВ: Ќе ја изберам најдобрата опција, ме мотивираат турските понуди!

facebook.com/DorievLupce

Дориев (23) кој имаше и настап во сениорскиот национален дрес, беше еден од стрелците во куп финалето против Македонија ЃП на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Излегоа шпекулации дека Дориев би можел наскоро да направи трансфер во странски клуб.

– Како прво се подготвувам целосно со Академија Пандев. Постојат можности и клубови кои се од Турција и се заинтересирани за мене, но тоа треба да ме мотивира за уште понапорно да работам – ни изјави Дориев.

Фото: ФК Академија Пандев

Информациите велат дека за сегашниот играч на „пандевци“, од Турција интерес покажале екипите на Трабзонспор, Малатијаспор, Касимпаша и Ризеспор.

– Што се однесува за трансфер, ќе видам како и што, ќе ја изберам најдобрата опција која што мислам дека ќе ми одговара на мене и на клубот – додаде Дориев во краткиот разговор.

„Пандевци“ кои во меѓувреме се засилија со Ѓорги Танушев, а од позајмица се вратија Кристијан Велиновски и Емир Скендери,  веќе се подготвуваат за дебитантскиот настап во квалификациите за Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот