Дополнителни тензии: Белорусија најавува заеднички воени вежби со Русија

белоруска армија на граница EPA-EFE/ARTUR RESZKO POLAND OUT

Белорусија најави заеднички воени вежби со својот близок сојузник Русија на јужната граница со Украина и го обвини НАТО дека гради офанзивни капацитети во близина на нејзините граници.

белоруска армија на граница EPA EFE/ARTUR RESZKO POLAND OUT

Претставници на САД, НАТО и Украина соопштија дека Русија распоредила војници во близина на Украина, пренесува Фена.

белоруска армија на граница EPA-EFE/

Самата Белорусија е во конфликт со Европската унија поради мигрантите присутни на нејзината западна граница, анализира Ројтерс.

Цитирајќи го ова како одговор на новите воени распоредувања во западна и јужна Белорусија, министерот за одбрана Виктор Хренин рече дека Минск ќе одржи воена вежба со Русија во блиска иднина, притоа не прецизирајки конкретен датум.

„Минск нема да седи со скрстени раце“ „Гледаме трупи околу нашите државни граници. Можеме да бидеме загрижени само за милитаризацијата на нашите соседни земји, поради што сме принудени да планираме мерки како одговор“, изјави Хренин.

Литванија, членка на НАТО западно од Белорусија, побара Атлантската алијанса да го прилагоди својот став кон Белорусија, чија војска, како што вели, се повеќе се интегрира со руските вооружени сили.

белоруска армија на граница EPA EFE/ARTUR RESZKO POLAND OUT

Белорускиот претседател Александар Лукашенко порача дека Минск нема да седи со скрстени раце доколку избие конфликт во источна Украина или војна со Западот на руските граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот