Дополнителна поддршка од близу 16 милиони долари од УСАИД

Владата на денешната седница го прифати усогласениот текст на амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу нашата држава и САД, од програмата УСАИД, кој го зголемува износот на средства за дополнителни 15.929.675 долари.

-Владата ја разгледа и усвои информацијата и го прифати усогласениот текст на Амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу Република Северна Македонија и САД, од програмата на УСАИД, за развојната цел: „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество”, соопшти Владата

Со овој амандман на Договорот за грант, од Владата посочуваат дека УСАИД го зголемува износот на средства кои ги доделува со дополнителни 15.929.675 долари, кои ќе бидат наменети за поддршка на растот на приватниот сектор, за поголема вклученост на информирани граѓани, за програми за добро владеење, како и за проекти за подобра кохезија во општеството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот