Дополнето обвинението против Асанж: Регрутирал две најголеми хакерски групи против владата на САД?

Фото: EPA/STRINGER

Работел и со 17-годишен хакер кој му давал информации украдени од банки и го упатил тинејџерот да украде дополнителен материјал – аудио снимки од високи владини официјални лица, велат обвинителите.

Американското Министерство за правда го засили својот случај против основачот на Викиликс со дополнето обвинене кое изнесува нови докази дека Џулијан Асанж активно регрутирал хакери за компјутерски упади, објавија светските медиуми.

Како што пренесува Радио слободна Европа, обвинителите со тоа настојуваат да докажат дека не дејствувал како новинар или издавач, туку како хакер, кршејќи го Законот за шпионажа, за што би можел да биде осуден максимално на 175 години затвор.

Основачот на Викиликс ковал заговор со хакерите поврзани со групите Анонимус и Лулзсек, за кои се сомнева дека извршиле бројни кибер напади ширум светот, се наведува во ажурираното обвинение на американското Министерство за правда, објави Блумберг.

Асанж кој е во притвор во Велика Британија поради барањето за екстрадиција во САД, на водачот на Лулзсек му дал листа на цели кои требало да ги хакира во 2012 година, велејќи му на тоа лице дека највлијателни изданија од хакираниот материјал ќе бидат од агенцијата ЦИА, НСА или Њујорк Тајмс, соопшти американското Министерство за правда, напоменувајќи дека водачот на Лулзсек во тоа време соработувал со службата на ФБИ.

САД во јуни минатата година го обвинија Асанж за загрозување на националната безбедност поради завера за собирање и откривање на тајни податоци. Блумберг истакнвуа дека ажурираното обвинение е објавено во средата и има 18 точки, вклучувајќи 17 обвиненија за шпионажа и една за хакирање на владините компјутерски мрежи.

Според изменетото обвинение на американското правосудство, основачот на Викиликс барал хакери на конференциите во Европа и Азија кои би можеле да дојдат до домашните тајни податоци кои тој би ги објавил на својата интернет страница и бил во завера со членови на хакерските организации, објави АП.

Работел и со 17-годишен хакер кој му давал информации украдени од банки и го упатил тинејџерот да украде дополнителен материјал – аудио снимки од високи владини официјални лица, велат обвинителите.

Асанж тврди дека делувал како новинар кој има право на заштита во склад со Првиот амандман, истакнува АП, додавајќи дека неговите адвокати тврделе дека обвиненијата за шпионажа и злоупотрена на компјутерите се политички мотивирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот