Допингот нема да помине неказнето ниту за време на кризата

Претседателот на Светската антидопинг агенција (ВАРДА)) Витолд Банка предупреди дека и покрај пандемијата на коронавирусот никој нема да помине неказнето доколку користи недозволени средства.

Тестирањата не ни се единствено оружје кое го имаме. На располагање ни се различни методи како што се биолошките пасоши и уште неколку други методи. Иако моменто не сме во состојба да да правиме ненајавени контроли, спортистите и понатаму имаат обврска да ни даваат податоци за тоа каде се наоѓаат и што прават. ВАДА и во овие тешки моменти ќе направи се за спортот да остане чист – изјави Банка.

Реакцијата на првиот човек на ВАДА доаѓа откако Канада и Русија објавија дека привремено ги прекинуваат тестирањата на своите спортисти, додека Велика Британија значително го намали бројот на тестирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот