Донирани 50 таблети за ученици од социјални семејства во Дебар

Со донацијата ќе израдуваат 50 ученици, кои не можеа да ја следат наставата која се изведува онлајн, поради вонреднбата состојба, информираат од општината.

Градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука, прими донација од претставници на компанијата „Еколог интернационал” – сопственост на семејството Дестани од Тетово.

Станува збор за 50 таблет-компјутери за ученици кои потекнуваат од семејства со тешка социо-економска состојба, поради што немаат можност да ја следаат олјан наставата.

-Градоначалникот Дука искажа посебна благодарност до компанијата Еколог интернационал и семејството Дестани. Со донацијата ќе израдуваат 50 ученици, кои не можеа да ја следат наставата која се изведува онлајн, поради вонреднбата состојба, информираат од општината.

Компанијата донира неколку илјади таблет-компјутери за ученици во многу општини во државава кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата онлајн.

-Оваа донација е наменета за учениците кои останаа надвор од образовниот процес, заради недостаток на дигитални уреди. Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на Ковид-19 е да се осигураме дека иднината на оваа земја, децата, ќе продолжуват наставата без пречки, изјави претходно за медиумите филантропот Лазим Дестани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот