Донев: Коалициска формула за влада е неизбежна, гласањето помина мирно

Бугарија избори EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарските гласачи, кои учествуваа на изборите со својот глас или одбивање да гласаат, одлучија дека коалициската формула за создавање влада е неизбежна. Ова го изјави в.д. премиерот Галаб Донев пред почетокот на денешната владина седница, јави БТА.

„Гласањето беше мирно и транспарентно, согласно законот. Не беа пронајдени значителни прекршувања. Граѓаните слободно го изразуваа својот глас”, посочи Донев.

Тој рече дека една од главните задачи на преодната влада беше да ги подготви и организира предвремените парламентарни избори на 2 октомври. „Честитки за добро завршената работа на сите министри кои беа директно вклучени”, рече тој.

Според Донев, слабиот одѕив на гласачите на изборите и значителното гласање за „не поддржувам никого” се повод да се анализира и преиспита однесувањето на партиите.

„Со тоа што не поддржуваат никого или не гласаат, гласачите ги обврзуваат бугарските политичари да ја понудат својата подобра верзија. Во наредните денови претседателот ќе го свика 48. Народно собрание. И покрај општите очекувања, се надеваме дека ќе има долг живот, бидејќи најдобро ја знаеме сериозната потреба од ефикасно работен парламент”, додаде техничкиот премиер на Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот