Донесени протоколи за работа на музеите и галериите

Владата денеска на својата редовна седница донесе Протокол за работа на музеи, галерии и изложбени простори, како и Протоколот за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани,

Исто така, Владата донесе и Протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, Протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на КОВИД-19, при влез на македонски и странски државјани во Република Северна Македонија.

Видео на денот