Донесена одлука за иднината на Мбапе, Реал ќе се изначека за да дојде до неговиот потпис

Мбапе ја отвори душата во интервју за Радио Монте Карло/ фото: EPA-EFE/David Ramos

Кралското семејство на Катар даде јасни инструкции на челниците на ПСЖ што да прават со Килијан Мбапе.

Килијан Мбапе се поизвесно е дека до 2022 година ќе остане во редовите на францускиот ПСЖ.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Мбапе е најголема желба на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, но францускиот тим веќе донел одлука која нема да им се допадне на „кралевите“.

Имено, кралското семејство на Катар, Ал Тани, кои се сопственици на ПСЖ одлучиле дека Мбапе во 2021 година може да си замине од францускиот тим само доколку некоја екипа плати 150 милиони евра, во спротивно  напаѓачот не мрда од „Паркот на принцевите“ се до 2022 година.

Семејството Ал Тани нема намера да ја намалува цената за Мбапе бидејќи во него и Нејмар ги гледаат идеалните промотори на Светското првенство кое во 2022 година ќе се одржи токму во Катар и поради тоа директорот Леонардо доби инструкции во ниту еден случај да не попушта во преговорите.

Мбапе веќе има понуда на маса од ПСЖ која е тешка 150 милиони евра нето за пет сезони, но францускиот репрезентативец нема намера да преговара и сака да се пресели во Реал Мадрид кој тешко дека наредното лето ќе има пари да го откупи неговиот договор. Поради тоа се поизвесно е дека одличниот напаѓач ќе мора да чека две години за да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот