Донесена одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за ископ на песок во Долно Коњаре

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за еднострано раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот село Долно Коњаре со концесионерот Друштвото за производство, трговија, туризам и рибарство ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ експорт-импорт.

Како што напиша министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук, според инспекцискиот извештај концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина.

-Според извештајот од Инспекторатот за животна средина, Министерството за економија утврди дека концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина, односно експлоатацијата на минералната суровина е вршена надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираниот водотек на реката Пчиња, напиша Бектеши.

На 55 седница одржана на 18 март 2021 година Владата донесе одлука за привремено запирање на експлоатацијата на чакал на реката Пчиња во атарот на село Средно Коњари додека трае увидот на Државниот инспекторат за животна средина, заради укажувањата на населението дека ископот на чакал се врши надвор од пропишаното со концесијата и додека не биде донесена нова одлука согласно наодите на надлежниот инспекторат.

Државниот инспекторат за животна средина, по налог на Инспекцискиот совет спроведе вондреден иснпекциски надзор над концесионерот, по што достави извештај до Министерството за економија со кој се укажува дека не постапувал согласно Договорот за концесија и експлоатација на минерална суровина-песок и чакал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот