Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ-то

Собранието вчера во скратена постапка го донесе Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, чија цел, според Владата како негов предлагач, е намалувањето на даночната евазија.

Со донесувањето на Законот, физичките лица ќе имаат право на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, при што тие самите на некој начин ќе бидат инспектори, односно ќе бараат да им се издадат фискални сметки.

Поради тоа се очекува и зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници, стои во образложението на Законот.

За остварување на ова право, граѓаните ќе треба да ги пријавуваат податоците од бар кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купување на добра и услуги, преку апликативен софтвер за оваа намена на органот за јавни приходи.

Со пријавување на фискалните сметки, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот