Дончиќ не успеа, Франција ќе игра во финалето против „дрим-тимот“

EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Кошаркарската репрезентација на Франција се пласира во финалето на олимпискиот турнир во Токио откако во драматичен натпревар со 90:89 ја совлада Словенија. „Триколорите“ во финалето ќе играат против селекцијата на САД која во првото полуфинале ја совлада Австралија.

Селекцијата на Словенија имаше напад за победа при резултат 90:89 за Франција, но шутот на Клемен Препелиќ го блокираше Николас Батум и со тоа ги угаси надежите на словенечките кошаркари.

Најдобар во редовите на Франција беше Нандо де Коло со 25 поени, Еван Фурние даде 23 поени додека Тимоти Лулаву постигна 15 поени. Кај Словенија најпрецизен беше Мајк Тоби со 23 поени, додека лука Дончиќ оствари трипл-дабл од 16 поени, 10 скокови и 18 асистенции.


 

Видео на денот