Дончиќ не е од оваа планета, ја уништи Аргентина

EPA-EFE/Toms Kalnins

Лука Дончиќ на неверојатен начин го започна дебитантскиот настап на Олимписките игри, во победата на неговата Словенија од 118:100 над Аргентина.
Бекот на Далас маверикс натпреварот го заврши со 48 постигнати поени.

Одличната партија, Дончиќ ја најави уште на стартот кога за пет минути игра постигна 15 поени. Провокациите од трибините уште повеќе го налутија Дончиќ и во првото полувреме додека беше на теренот, тој постигна повеќе поени од целиот тим на Аргентина. За 15:24 минути во првиот дел, Дончиќ постигна 31 поен, а целиот тим на Аргентина само 29 поени.

Дилемите околу победникот беа решени уште во првиот дел, Словенија на одмор замина со 20 поени предност 62:42 и во второто полувреме рутински ја одржуваше убедливата предност. Единствена непозната беше со колку поени Лука Дончиќ ќе го заврши натпреварот, бекот на Далас застана на бројката од 48 постинати поени, а имаше и 11 скокови.  Клемен Препелиќ даде 22 поениј, а Мајк Тоби имаше 11 поени и 14 скокови. Кај Аргентина најдобар беше ветеранот Луис Скола со 23 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот