Дончиќ наскоро го добива најголемиот договор во историјата на НБА?

Според најавите на американските медиуми, Лука Дончиќ е многу блиску да го добие најголемиот договор во историјата на НБА лигата кој ќе биде вреден 318 милиони долари и ќе има важност пет години.
Наводно, Дончиќ добил само еден услов од Далас за овој договор, а тоа е да биде избран во ол-стар тимот, а такво нешто скоро и да не се доведува во прашање. Новиот договор на Дончиќ би требало да стапи на сила од 2025 година.
Според тој договор Дончиќ би добил 70 милиони долари годишно што е убедливо најмногу за поединечна сезона, скоро 20 милиони повеќе од досега најплатениот Стеф Кари со 51.9 милиони долари. Зад Кари со по 47.6 милиони долари се Дурант, Леброн, Јокиќ и Ембид.
Во минатата сезона Дончиќ имаше просек од 32.4 поени, 8.6 скокови по натпревар и осум асистенции.