Дончиќ во идеалната петорка во НБА, Јокиќ во вториот тим

фото: твитер

Кошаркарот на Далас маверикс е избран во најдобрата петорка во НБА лигата, додека центарот на Денвер се најде во втората петорка.

Признанието за одличните игри во регуларниот дел од сезоната за Лука Дончиќ дојде денеска со изборот во идеалната петорка на НБА лигата.

Словенечкиот кошаркар е убедливо најмладиот член на идеалниот тим додека Леброн Џејмс е најстар и по рекорден 16. пат се најде во ова друштво.
Покрај Дончиќ и Џејмс, во идеалната петорка се наоѓаат уште и Јанис Адетокумпо, Ентони Дејвис и Џејмс Харден.

Џејмс и Харден во изборот добија максимални 500 гласови, Харден доби 474, Дејвис 455, додека Дончиќ 416 гласови.

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ кој е најзаслужен што неговата екипа ќе игра во финалето на Западната конференција е избран во втората најдобра петорка задно со Демиен Лилард, Каваи Ленард, Крис Пол и Паскал Сиакам.

Најдобрите петорки за регуларниот дел од НБА лигата ги избира панел од преку 100 новинари ширум светот, а играчите добиваат по пет поени за првиот тим, три поени за вториот и еден поен за третиот тим.

Како критериум во гласањето и изборот на најдобрите петорки се натпреварите кои се играа до 11. март, односно до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот