Дончиќ руши рекорди во НБА

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постави два рекорда во НБА лигата. Тој на два последователни натпревари во НБА лигата постигна најмалку 29 поени, 15 асистенции и 13 скокови. Ова е нов рекорд во лигата. Дончиќ, исто така, стана најмладиот играч што направил трипл-дабл во два натпревари по ред, со најмалку 25 поени.

Словенецот ноќеска на средбата со Кливленд оствари трипл-дабл, постигнувајќи 29 поени, 15 асистенции и 14 скокови. На претходниот натпревар (против Лејкерс) имаше троен ефект: 31 поен, 15 асистенции и 13 скока.

Дваесетгодишниот Словенец со српско потекло, во Далас е од 2018 година. Пред тоа, играше за Реал Мадрид со кого стана трикратен шампион на Шпанија, двократен освојувач на Купот на Шпанија и победник во Евролигата. Со словенечката репрезентација стана шампион на Европа во 2017 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот