Дончиќ пред натпревар се опушта со песнa на Тоше Проески

Одличниот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ по фантастичната дебитантска сезона во НБА лигата во која беше избран за дебитант на годината, продолжи во ист ритам и во оваа сезона. Дончиќ е убедливо најдобар кошаркар на Далас маверикс кој во новата сезона има скор од пет победи и само два порази, а тој има просек од 27 поени, 10 скокови и 9 асистенции по натпревар.

Неодамна младиот кошаркар за магазинот „Слем“ ја откри листата на песни кои ги слуша пред
натпреварите. Бидејќи со 13 години ја напушти Словенија и замина во Шпанија не изненадува што на листата се најдоа повеќе шпански песни, но високо на листата се наоѓа и една песна на починатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. Песната на Проески „Чија си“ е втора во изборот на песни на кошаркарот на Далас.

Исто така пред натпреварите, Дончиќ се загрева и со песните на уште неколку музичари од Балканот. На неговата плеј листа се уште и песните „Ја те волим више“ на Жељко Самарџиќ, песната „Славија“ на Џеј Рамадановски, а туа е МС Стојан со песната “La Miami“.

Прочитајте и...  Барса со „генијална“ најава пред мечот со Наполи! (ФОТО)

Прочитај повеќе

ЛШ: Баерн со една нога во четвртфиналето, „магија“ на Мертенс за историја! (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен Печат

Незадоволен од судиските одлуки: Сакаше да ги „прегази“ сите на теренот! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Манасков втор стрелец во убедливата победа на Веспрем

Слободен Печат

Кајакар преживеа водопад висок 40 метри! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Интервју со Јане Николоски: Уживав на „Олд Трафорд“, со Пандев како лидер можеме до „билет“ за ЕП!

Фидан Коминовски

Се сеќавате ли на „кражбата“ која целосно го промени италијанскиот фудбал? (ВИДЕО)

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Матиќ ќе го напушти Манчестер јунајтед – ја продолжува кариерата во Серија А!? (ФОТО)

Слободен Печат

УЕФА ја следи ситуацијата со коронавирусот, ќе се одложи ли Европското првенство 2020!?

Слободен Печат

Барса со „генијална“ најава пред мечот со Наполи! (ФОТО)

Слободен Печат

1.000 дена до стартот на Мундијалот, Катар уште сега е подготвен

Слободен печат

Иако играше и за Наполи и Барселона: Марадона нема дилеми за кого ќе навива вечерва

Слободен печат

Надал: Не сакам Новак да освои повеќе грен слем титули од мене

Слободен печат