Дончиќ нов рекордер на Далас (ВИДЕО)

твитер

Словенецот доминираше во тексашкото дерби на само еден ден пред неговиот 21. роденден.

Лука Дончиќ беше прво име во победата на Далас од 109:103 над Сан Антонио, притоа поставувајќи клупски рекорд. Фантастичниот Словенец натпреварот го заврши со 26 поени, 14 асистенции и 10 скокови со што дојде до 12 трипл-дабл сезонава, а вкупно 21. во кариерата на Далас со што го израмни рекордот на Џејсон Кид.

Дончиќ до рекордното клупско остварување дојде на само еден ден пред неговиот 21. роденден.
– Не знам што да кажам. Одлично – изјави Дончиќ.
Во триумфот над Сан Антонио, одлична партија прикажа и Кристапс Порзингис со 28 поени и 12 скокови.

Со враќањето на Расел Вестбрук на теренот, Хјустон го растури Мемфис со 140:112 и дојде до петтата победа по ред. Вестбрук натпреварот го заврши со 33 поени, 9 скокови и 8 асистенции, додека Џејмс Харден застана на 30 поени и 7 скокови.


ЛА Клиперс со 102:92 го совлада Феникс санс, во натпревар во кој најновото засилување за титулата, Маркус Морис со 18 поени. Каваи Ленард вообичаено беше прво име со 24 поени и 14 скокови, додека кај Феникс се истакна Диандре Ајтон со 25 поени и 17 скокови.


Резултати:

Шарлот – Њујорк 107:101
Кливелдн – Филаделфија 108:94
Вашингтон – Бруклин 110:106
Атланта – Орландо 120:130
Мајами – Минесота 126:129
Хјустон – Мемфис 140:112
Сан Антонио – Далас 103:109
Феникс – Лос Анџелес клиперс 92:102
Јута – Бостон 103:114

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот