Дончиќ не запира,  го реши и Мемфис (ВИДЕО)

Лука Дончиќ продолжува со фантастичните игри и само две асистенции му недостасуваа за нов трипл-дабл во победата на неговиот Далас од 138:122 на гостувањето кај Мемфис. Дончиќ натпреварот го заврши со 24 поени, 14 скокови и осум асистенции.

Одлична вечер имаше и Џејмс Харден на кого пак му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл. Но и неговите 42 поени и 10 скокови беа доволни за триумф на неговиот Хјустон од 117:94 над Чикаго булс. Одличен натпревар имаше и Расел Вестбрук со 26 постигнати поени.


Голден Стејт вориорс којк игра без без трите најдобри играчи, Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин,  продолжува да ниже порази, овој пат загубија на гостувањето кај  Оклахома сити тандер. Домашниот тим победи со 114:108, а го предводеше Данило Галинари со 21 поен, додека кај „воините“, Деанџело Расел и Алек Буркс дадоа по 30 поени.

Резултати:
Шарлот – Њу Орлеанс 110:115
Чикаго – Хјустон 94:117
Мемфис – Далас 122:138
Оклахома сити –Голден Стејт 114:108
Сан Антонио – Бостон 115:135.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот