Дончиќ: Леброн и понатаму ми е идол

фото:твитер

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 27 поени, 9 скокови и 10 асистенции и беше прво име во победата на неговиот тим од 114:100 над најдобриот тим во НБА, ЛА Лејкерс.

– Клучно за победата беше играта во одбраната во третата четвртина. Во првото полувреме играв ужавно, а во второто бев многи подобар, верував во својот шут и тоа на крајот ми се исплатеше. Многу ни значи тоа што покажавме дека можеме да играме и против големите екипи и фаворитите – изјави Дончиќ.


Словенечкиот кошаркар сезонава игра фантастично и во 19 натпревари досега има неверојатен просек од 30.8 поени, 9.9 скокови и 9.6 асистенции.
– Многу работи научив играјќи во Евролигата каде играв против неверојатни кошаркари, а исто така многу научив и од соиграчите. Дел од нив беа поранешни НБА кошаркари, и дефинитивно ме подготвија за НБА – потенцира Дончиќ.

Натпреварот против Лејкерс за Дончиќ претставуваше и дуел со својот идол, Леброн Џејмс.
– Се сеќавам на првиот натпревар против Леброн минатата година. Обично не сум нервозен пред натпреварите, но тогаш бев бидејќи играв против својот идол. Тоа беше посебен дуел за мене, обожував да го гледам како мал, а му се воодушевувам и сега. Беше и остана и мој голем идол – вели Дончиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот