Дончиќ ги загуби нервите, сакаше да се тепа со НБА дебитант! (ВИДЕО)

twitter.com/NBANewsNow247

Клиперси го претрпеа и третиот пораз во Лос Анџелес од екипата на Далас со 102:87. Кристапс Порзингис постигна 18 поени, 13 скокови, а истиот број на поени како Летонецот го забележа и Џастин Џексон.

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ запиша 15 поени, 13 скокови и три асистенции. Центарот на Маверикси, Бобан Марјановиќ мечот го заврши само со четири поени (2/4 од поле, 0/1 од слободните фрлања), седум скокови, една асистенција и две блокади за 18 минути.

Имаше и тензични моменти во текот на овој контролен меч и малку недостасуваше да избие тепачка. Имено, еден од најперспективните европски кошаркари Лука Дончиќ влезе во физички судир со дебитантот во НБА лигата, Теренс Ман, после неговиот неспортски потег.

Еден од судиите досуди чекори од Дончиќ, Ман веднаш ја тргна топката од рацете на Дончиќ, а овој неспортски потег не му се допадна на Словенецот кој потоа веднаш размени тешки зборови со Ман, го турна, а потоа возврати и играчот на Клиперси.

Веднаш реагираа останатите играчи на двете екипи, прв кој реагираше беше Бобан Марјановиќ кој веднаш на страна го тргна Лука Дончиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот