Дончиќ ги фрли во транс навивачите на маверикс: Знам дека Јокиќ сака да игра во Далас

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ во најдобрата НБА петорка/Фото: EPA-EFE/JOHN G MABANGLO

Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ на стартот на тренинг кампот во пресрет на новата сезона со изјава која предизвика бура кај фановите.

НБА екипите од вчера ги започнаа подготовките за новата сезона чиј старт е закажан за 22. декември и веднаш „температурата“ се крена до максимум.

Главен виновник за тоа е ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ кој на прашањето дали би го разменил соиграчот Бобан Марјановиќ во Денвер во замена за Никола Јокиќ, даде одговор со кој тредизвика вистински земјотрес кај фановите на неговиот тим.

– Не можам јас никого да разменувам, тоа не е моја работа и не би го разменил Бобан, но доколку Јокиќ сака нека дојде во Далас. Знам дека сака – изјави Дончиќ.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот