Дончиќ е незапирлив, но не можеше сам против Бостон! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон го совладаа Далас (116:106) во новиот натпревар од НБА лигата најмногу благодарение на Кемба Вокер и Џејлен Браун.

Вокер запиша 29 поени, Браун 25 и токму тие двајца беа најзаслужни за триумфот на Селтикси.

Иако Далас имаше предност од 92:90 на шест минути до крајот на средбата, тогаш Бостон направи серија од 17:3 во наредните три минути и токму благодарение на Кемба Вокер, но и Маркус Смарт (17 поени) го направија комплетниот пресврт.

Словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ мечот го заврши со 34 поени, девет асистенции, шест скокови (шут од игра 11/21).

Претходно објавивме дека дербито му припадна на Лос Анџелес Клиперс против екипата на Торонто Репторс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот