Донација од околу милион евра од Владата на Република Чешка

Денешниов настан не е само важен во однос на натамошното унапредување на техничко-организационите капацитети на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, туку уште повеќе тој е значаен како силен показател на едно, веќе етаблирано, искрено и конкретно партнерство и поддршка што во годините наназад ја имаме од нашите колеги од чешкото министерство за внатрешни работи и од владата на пријателска Република Чешка, рече министерот Оливер Спасовски по денешното потпишување на договорот за донација од Република Чешка за нашето Министерство за внатрешни работи од околу еден милион евра.

„Преку Договорот што пред малку го парафиравме со министерот за внатрешни работи на Република Чешка, г-динот Хамачек, за користење на финансиската донација од речиси еден милион евра, ние продолжуваме во насока на реализирање на заедничките цели, а тоа се високите и квалитетни безбедносни стандарди во интерес на граѓаните. Финансиските средства се наменети за активности поврзани со зајакнување на капацитетите на Одделите за гранични работи и миграции, за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и за воздухопловните единици при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија“, рече Спасовски.

Прочитајте и...  УХМР најавува потопло време, но со дождови, грмежи и засилен ветер

Со оваа донација се проширува опсегот на меѓусебна соработка во повеќе безбедносни сегменти од взаемен интерес за техничко осовременување и доопремување на неколку организациони единици при МВР, со посебен акцент на миграционата проблематика.

„Колегите од чешката полиција се во континуитет присутни на нашата јужна граница од 2016 година до денес, каде што заедно со припадниците на нашето министерство заеднички остваруваат задачи на обезбедување на граничниот појас. Сакам, на крајот, во оваа прилика во свое и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија уште еднаш да им се заблагодарам на нашите пријатели за помошта и поддршката што ја добиваме, убеден дека таа наша соработка не само што ќе продолжи во иднина туку и ќе биде значително интензивирана во интерес на националната, регионалната и глобална безбедност“, рече Спасовски.

Прочитајте и...  Велика Британија ја повика Кина да го повлече предлог законот за безбедност во Хонгконг

Министерот Хамачек потенцира дека Република Чешка и во иднина ќе продолжи да и помага на Република Северна Македонија на патот кон евроатланските интеграции, а денешната посета е еден од конкретните примери за одличната соработка меѓу двете држави.

„Република Чешка е пријател на Република Северна Македонија, кој ќе и помага на нејзиниот пат“, рече министерот Хамачек.

Покрај финансиската помош, веќе неколку години полициски службеници од Република Чешка и помагаат на нашата полиција на јужната граница. Веднаш по завршувањето на денешната средба, министрите Спасовски и Хамачек ги посетија овие полициски службеници, изразувајќи им благодарност за нивниот придонес за гарантирање на безбедноста на јужната граница

Прочитај повеќе

„Луфтханза“ за три месеци претрпи загуба од 2,1 милијарда евра

Слободен печат

Земјотрес со јачина од 4.5 степени го погоди грчкиот остров Крит

Слободен печат

Уредбата на Владата за помош на медиумите е селективна и не ги опфаќа сите медиуми

Слободен печат

Годишен извештај на ГРЕКО за С. Македонија: Потребни се конкретни резултати, работа и акции

Бојана Нојиќ

Северноамериканската нафта „Брент“ надмина 40 долари за барел

Слободен печат

Шведска признава дека требало да воведе рестриктивни мерки во земјава

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

МТСП:Исплатени надоместоците за невработените и стечајците за месец мај

Слободен печат

САС на МПЦ-ОА ги повикува верниците да ги почитуваат мерките за заштита за Духовденската задушница

Слободен печат

Бајден: Полицајците треба да пукаат во нога, а не во срце (ВИДЕО)

Слободен печат

Насковска: Во СОС детското село има 14 згрижувачи кои се грижат за 59 деца (ВИДЕО)

Слободен печат

Нов Зеланд најави укинување на мерките за физичка дистанца

Слободен печат

Бесплатни 2 часа паркинг со превземање на апликацијата на ПОЦ

МИА Агенција