Донаторска акција: Националната опера и балет изработува заштитни маски

Националната опера и балет се приклучи во практичната помош за заштита од ширење на коронавирусот со шиење заштитни маски изработени во шивалните од одделот за костимирање. Националната установа донираше 162 заштитни маски од свое производство за вработените на Министерството за култура, а акцијата ќе продолжи и понатаму.

Деновиве нивните соработници во шивалните ќе изготват уште илјада заштитни маски, кои во соработка со Кризниот штаб на Владата, ќе ги донираат за оние на кои им се најпотребни, известија од Национална опера и балет.

На овој начин, установата и практично придонесува во борбата против светската пандемија на коронавирусот, покрај редовното споделување на својот оперско-балетски репертоар на каналот Јутјуб.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 27, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-20 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот