Доналд Трамп на Твитер: 11.000 објави за 33 месеци, 66 милиони следбеници и медиумите како омилена мета

Се започна на 20 јануари 2017 година. Тоа беше денот на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, кој одлучи да им напише порака на своите сонародници, како нов жител на белата куќа.

Сепак, малку кој веруваше дека со тој твит, всушност ќе започне една низа од 11.000 твитови за 33 месеци, преку кои американскиот претседател директно напаѓа противници, изразува огорченост, но и се фали, пишува Њујорк Тајмс.

Во почетокот на неговиот мандат, Трамп објавувал околу девет твитови дневно.

Веќе до јули 2017 година дошол до првите 1.000 објави, а за тоа време веќе отворил неколку лични фронтови, како тогаш кога го нападна Џејмс Корнеј, поранешниот директор на ФБИ.

До наредниот „јубилеј“ од 5.000 објави, Трамп се скара со спортистите кои останаа клекнати при интонирање на химната, во знак на протест поради лошиот однос на полицијата кон граѓаните со црна боја на кожата.

Тој ги нарече „идиоти“ кои ја срамат својата држава и кои не ги почитуваат оние кои загинале за САД.

Американскиот претседател преку Твитер му се закануваше и на Ким Џонг Ун, а многу негови објави беа и во сексуална конотација.

Се караше и со демократите, упатуваше и лични навреди, а повеќе пати беше обвинет и за расизам во своите објави.

Сепак, негова главна мета беа медиумите, кои постојано ги провоцира.

Негови блиски соработници повеќе пати се обидувале да влијаат на него, некои дури размислувале и за тоа да побараат од Твитер, објавите на Трамп да излегуваат со 15-минутно задоцнување, но, не им успеа.

Трамп има 66 милиони следбеници на Твитер, кои секојдневно читаат нови објави од претседателот.

Во последно време тој твита се побрзо и се поостро.

Додека неговите соработници се уште не се убедени дека објавите ќе наидат на позитивна реакција и ќе предизвикаат позитивни ефекти, Трамп и натаму верува дека неговиот Твитер профил е главно оружје во политичката глобална војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот