Донација завршила на отпад: САД рециклирале апарати за белодробна вентилација што ги добиле од Русија

Фото: EPA-EFE/Marton Monus HUNGARY OUT

Агенцијата за вонредни состојби на САД (ФЕМА) ги дала на рециклирање 45-те апарати за белодробна вентилација што пролетоска ги доби како донација од Русија, во екот на пандемијата на коронавирус.

Од ФЕМА коментираат дека апаратите „всушност се фрлени на отпад”, јавија некои руски медиуми. Тоа било направено соодветно строгите нормативни барања за утилизиација на опасни материи утврдени од Администрацијата за општи служби на САД (ГСА) и Агенцијата за заштита на околната средина (ЕПА).

Од ФЕМА не потврдиле кога имено ги фрлиле апаратите „Авента-М” што Русија ги набави во април како хуманитарна помош за САД. Тогаш, за време на телефонски разговор, по ова прашање се договорија претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин. Најпрво се известуваше дека апаратите се руска донација, а потоа во руското МНР прецизираа дека пола од апаратите биле платени од Русија, а другата половина од САД.

Причини зошто апаратите за белодробна вентилација не биле употребени во САД, се неколку, јави „Базфид“.

Едната е дека тие работеле на напон од 220 волти и немало адаптери за безбедно вклучување во американската електрична мрежа од 110 волти. Втората причина е поради пожарите што пролетоска се случија во болници во Москва и Санкт-Петербург каде се користеле апарати „Авента-М”, за кои подоцна се дозна дека самите апарати, поради технички недостатоци, го предизвикале пожарите во кои загинаа неколку луѓе.

Демократите во Конгресот на САД биле незадоволни затоа што апаратите биле снабдени од руската компанија „Крет”, која се наоѓа под американски санкции уште од 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот