Донација за Пулмологија: Клиниката доби апарат за современа дијагностика на пациенти со астма и ХОББ

Фото: kanal5.com.mk

Апарат за целосно автоматизиран молекуларно-дијагностички систем доби Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Станува збор за донација во вредност од над 400.000 денари од фармацевтска компанија „Плива”, соопштија од Клиниката.

– Донацијата на „Плива” е од суштинско значење за современа дијагностика на пациентите со астма и хронична белодробна болест-ХОББ и следење на ефектите на терапијата. Се однесува на обезбедување на комплетно автоматизиран молекуларно-дијагностички систем кој ќе биде употребуван во дијагностички цели за пациентите, изјави директорот на Клиниката, Дејан Докиќ.

Директорот на „Плива”, Петар Велкоски изрази надеж дека донацијата ќе придонесе за квалитетна дијагностика, подобри услови за работа на медицискиот персонал и ќе резултира со поквалитетен живот на сите пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот