Донација од АДИНГ за изградба на Мобилната воена болница

Стручен тим од компанијата е на терен и во координација со одговорните од Армијата, ги прават сите напори за итно завршување и ставање во функција на овој стратешки значаен објект за државата.

Комплетна изведба на хидроизолациона заштита за објектот „Мобилна воена болница” на Министерството за здравство во вредност од 15.000 евра денеска донираше компанијата АДИНГ.

Од компанијата информираат дека нивни стручен тим е на терен и во координација со одговорните од Армијата, ги прават сите напори за итно завршување и ставање во функција на овој стратешки значаен објект за државата.

-Известуваме дека на 25 март, АДИНГ времено го промени логото и слоганот „состојка на секоја градба” кој сега гласи „растојанието е клучна состојка за нашето здравје, се наведува во соопштението на АДИНГ.

Со оваа промена, посочуваат од компанијата, ги поддржуваме сите напори на пошироката заедница и здравствените препораки, како единствен начин да го спречиме ширењето на COVID-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот