Донација на повеќенаменски возила: САД ја опремуваат албанската војска

Фото: military.com

Министерството за одбрана на Албанија денеска соопшти дека САД обезбедиле 29 нови повеќенаменски возила ХММВВ за засилување на воените способности на земјата во пресрет на планираните вежби на НАТО во југоисточна Европа.

– Албанските вооружени сили секогаш ќе бидат со САД и во сојуз за одбрана на безбедност на нашите заеднички вредности, порача албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши на партнерите во НАТО, пренесува АП.

Новинската агенција наведува дека американската амбасадорка во Тирана, Јуриј Ким нагласила оти донацијата на возилата е дел од приоритетниот проект на САД со кој се помага во транзиција на албанската војска која ова лето ќе биде домаќин на мултинационални вежби, најголемите што некогаш се одржале во југоисточна Европа и кои ќе го истакнат значењето на Албанија во регионот.

Албанија од САД претходно доби и три хеликоптери „Блек Хоук“ и уште неколу повеќенаменски возила ХММВВ, се додава во веста на АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот